
Работнички посакува полуфинале, но ќе има тешка задача да ја елиминира Шкендија во најинтересниот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија. Првиот меч во Тетово заврши 1-1, а капитенот на „романтичарите“, Горан Силјановски, верува дека тимот е способен да ја продолжи убавата пролетна серија и во Купот.
„Имаме поволен резултат по првиот натпревар, но има уште тешки 90 минути за игра. Подготвени сме, ќе се потрудиме да ја изненадиме Шкендија и да се пласираме во следната рунда“, изјави Горан Силјановски.
Ернест Ѓока ќе ротира дел од фудбалерите, но јасно е дека Шкендија сака да биде дел од четирите најдобри екипи во најмасовното натпреварување.
„Ова е многу значаен меч за нас, Шкендија мора да биде подготвена за сите натпреварувања. Распоредот е згуснат, но верувам дека ќе успееме да ја оствариме целта“, вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.
Академија Пандев ќе го пречека Шкупи во „мечот без тренери“. И двата тима останаа без тренери по последното првенствено коло. Југослав Тренчовски замина по ремито со Борец, а Шкупи се раздели со Ќатип Османи по поразот дома од Ренова. Академија Пандев има предност (1-0) по првиот меч на Чаир.
Ренова и Струга ТЛ во Тетово ќе почнат од 0-0, со оглед дека на првиот дуел немаше голови, а Брегалница има еден гол позитива (0-1) пред гостувањето кај Лабуништа.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1-4-ФИНАЛЕ (РЕВАНШИ) 14 ЧАСОТ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-1)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-0)
РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (0-0)
ЛАБУНИШТА – БРЕГАЛНИЦА (0-1)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
