Поранешниот тренер на Ренова, Бујар Ислами, е новото име на клупата на второлигашот Беса Добри Дол. Тој доаѓа на местото на Менсур Јакупи кој пред неколку дена замина од кормилото на овој тим.
Ислами има прволигашко искуство, а ја предводеше Ренова на меѓународните натпревари против Алашкерт и Хајдук Сплит.
Беса ја игра дебитантската сезона во Втората лига и во моментот се наоѓа на шестото место на табелата. Првиот предизвик за Бујар Ислами ќе биде гостувањето кај Велешта следниот викенд.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













