Шпанија ја прекина златната серија на Италијанците кои на 37 натпревари беа без пораз и со триумф од 1-2 на „Сан Сиро“ се пласира во финалето на Лигата на нации. Феран Торес кој ги постигна двата гола беше првото име на натпреварот, но неверојатен настап имаше Пабло Мартин Паез Гавира, попознат како Гави, 17-годишниот играч за врска на Барселона.
Тој ја доби битката против еден од најдобрите играчи за врска во светот, го надигра својот идол Марко Верати во поголемиот дел од дуелот, а леснотијата со која ја носеше топката и брзината на размислување беа фасцинантни.
Брилијантното дете стана најмладиот шпански репрезентативец во историјата, а по своето деби доби пофалби од селекторот Луис Енрике.
Гави досега одигра само четири професионални дуели во кои беше стартер, но Луис Енрике има голема доверба во него.
„Гави? Играше како да е во својот двор или како да е во училиштен двор. Тој е иднината, но и сегашноста на нашата репрезентација. Не е нормално да игра толку добро на само 17 години“, изјави Луис Енрике.
Во финалето на Лигата на нации, „црвената фурија“ ќе игра против подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Белгија и Франција, кој се игра вечерва во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













