Фудбалската репрезентација на Шпанија е првиот финалист на завршниот турнир во Лигата на нации откако во Милано ја совлада Италија со 2-1. Со тоа ја прекина златната серија на „аѕурите“ под раководство на Роберто Манчини и митот за нивна непобедливост на претходните 37 натпревари.
Селекцијата на Луис Енрике го имаше поседот на топката иако Италијанците сакаа да притиснат уште на самиот старт од мечот. Во 17.минута, Феран Торес со волеј – удар ја затресе мрежата на Донарума по одличното уфрливање на Микел Ојарзабал од левата страна.

Во 42.минута, Леонардо Бонучи беше исклучен поради два жолти картони, а Феран Торес тоа го казни пред самиот истек на првиот дел зголемувајќи на 0-2.
Италија не можеше да се врати, иако надеж даде Лоренцо Пелегрини со голот во 83.минута.
Франција и Белгија утревечер во Торино го играат второто полуфинале во Лигата на нации, а победникот ќе оди на финална пресметка со Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













