Connect with us

Гави стана најмладиот дебитант во историјата на шпанската репрезентација

Гави вечерва запиша вистинска историја со своето појавување во стартниот состав на Шпанија за натпреварот од полуфиналето на Лигата на нации против Италија. 17-годишниот играч на Барселона го започна натпреварот и со тоа постави историски рекорд.

Продуктот на “Ла Масија” стана најмладиот играч досега што настапил за “црвената фурија” со само 17 години и 62 дена. Тој го собори рекордот на Зубиета, која за шпанската репрезентација дебитирал на 17 години и 284 дена.

Повикот на Гави покрена многу прашања во шпанските медиуми, а многумина веруваат дека младиот талент не го заслужи ова. Не само рекордите, туку и резултатот е во полза на Шпанците, кои на полувреме од натпреварот, не само што имаат поволен резултат од 2-0, туку и имаат играч повеќе на теренот по исклучувањето на Леонардо Бонучи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови