Италија предлага експеримент на младинското фудбалско првенство. ФИФА размислува за враќање на стариот формат на определување офсајд во фудбалот. Се разгледува опција, во која офсајд позиција ќе се смета само кога ќе има видлив јаз меѓу играчот во нападот и дефанзивецот, објави „Скај спорт Италија“.
Сегашното правило е дека напаѓачкиот фудбалер се смета за офсајд, ако соиграчот започне со додавање, а кој било дел од телото, освен рацете, на офанзивецот е поблиску до гол-линијата од двајца противнички играчи, вклучувајќи го и голманот.
Италијанската фудбалска федерација предложи да се тестира иновацијата од следната сезона во младинскиот шампионат до 18 години со вклучување на судии од Серија Ц.
Претходно, во Италија првпат беше тестирана ВАР технологијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













