Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, пред полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА против Шпанија, ја истакна важноста на натпреварувањето.
„Ова е важен турнир за нас. Остануваат уште четири одлични репрезентации. Немавме толку време да се подготвиме, но мислам дека овие два натпревари можат многу да ни помогнат во нашиот напредок. Шпанија го одигра својот најдобар европски натпревар токму против нас. Ни зададоа многу проблеми со контролата на топката, но во таа смисла тие се мајстори. Мора да играме на највисоко ниво, да бидеме перфектни ако сакаме успех“ истакна Манчини.
Тој сака да ја продолжи серијата на Италија од 37 натпревари без пораз.
„Сакаме да ја продолжиме серијата за да стигнеме до финалето. Нашата цел е оваа серија да продолжи што е можно подолго, но ние сме целосно свесни дека треба да работиме напорно, натпревар по натпревар“, додаде италијанскиот селектор.
Натпреварот меѓу Италија и Шпанија, полуфинале од Лигата на нации, ќе се одигра вечерва во Милано, со почеток во 20.45 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













