Connect with us

Наполи се заканува дека ќе напушти натпревар ако не прекине расизмот кон нивните фудбалери

Италијанскиот калчолигаш Наполи е подготвен да ги напушти натпреварите во Серија А доколку во иднина има расистички навреди од трибините. Според медиумите во Италија, Наполи ќе протестира против расизмот со напуштање на натпреварите, по неодамнешните настани во Фиренца на натпреварот против Фиорентина.
Во споменатиот дуел во кој Наполи победи со 1-2, расистички беа навредувани гостинските фудбалери Кулибали, Осимен и Ангуиса.


„Дали ме нарече мајмун? Дојди овде и повтори го тоа ако можеш“, извика Калиду Кулибали кратко време по завршувањето на интервјуто за „ДАЗН“ на крајот од натпреварот.

“Црно ср*ње и мајмун. Така ме нарекуваа. Ова нема врска со спортот. Треба да се да се држат подалеку од стадионот – засекогаш”, напиша Кулибали на Твитер кратко по натпреварот.

Виктор Осимен исто така на своите социјални мрежи ја опиша бизарната ситуација на стадионот во Фиренца.

„Родители, разговарајте со вашите деца, родители. Нека знаат колку е одвратно да мразите некого поради бојата на кожата. Не за расизмот”, напиша Осимен.

Фиорентина го осуди однесувањето на некои навивачи, а подоцна клубот од Фиренца разоткри неколку од нив и ги испрати нивните податоци во полиција.

„Фиорентина ќе им забрани влез на стадионот со надеж дека и другите клубови ќе го сторат истото“, изјави директорот на Виола, Џо Бароне.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови