
Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за октомвриските квалификациски натпревари за пласман на Европско првенство 2023. Нашата селекција на 7. октомври игра против Фарски Острови во Клаксвик, а четири дена подоцна гостува во Ереван против Ерменија.
Напаѓачот во младата репрезентација и член на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски се надева дека нашата репрезентација ќе ја оправда фаворитската улога на двете гостински средби.
„Фаворити сме на двата натпревари, но тоа не мора да значи апсолутно ништо. Видовме дека една Франција не успеа да слави победа против Фарски Острови. Се работи за репрезентација која игра добар фудбал, посебно на домашен терен. Нашата цел е јасна, а тоа остварување на победа на двете средби. Имаме неколку нови играчи на овој собир, со оглед на тоа што имаме неколку клучни фудбалери што се повредени. Селекторот има јасни идеи, ги презентираше уште на првиот собир, верува многу во потенцијалот кој го има оваа селекција. Функционираме одлично со него, ги слушаме советите и инструкциите што ни ги дава, имаме тешка група, но чекор по чекор можеме да се надеваме на позитивни резултати и остарување на добар пласман“, вели Ѓорѓиевски.
Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски во воведните две кола од квалификацискиот циклус загуби од фаворитот Франција со 3-0 и одигра без голови против Србија на домашен терен во Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski