Connect with us

Јани Атанасов во тимот на колото во Хрватска

Македонскиот интернационалец Јани Атанасов одигра одличен натпревар за Хајдук Сплит во триумфот (1-0) против Локомотива и е избран во тимот на колото во Хрватска. Интересно е дека тимот е составен од фудбалери од четири тима, Хајдук, Динамо, Ријека и Осијек.

Атанасов доби оценка 7.7 од Sofascore и заедно со Јосип Мишиќ од Динамо Загреб е поставен како последен играч за врска.

Во текот на утрешниот ден, селекторот Благоја Милевски официјално ќе го објави списокот за мечевите против Лихтенштајн и против Германија. Минатиот пат Јани Атанасов доби дополнителен повик во националниот тим, но не забележа настап на трите меча против Ерменија, Исланд и против Романија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови