Connect with us

Експресен камбек на Аријан Адеми

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми експресно се врати на теренот откако почувствува тегоби на претходниот натпревар на Динамо Загреб во Купот на Хрватска. Одличниот играч за врска влезе како резерва и доби половина час на денешното гостување (1-4) против Славен Белупо.

Стефан Ристовски беше стартер во тимот на „модрите“ и ова секако се одлични вести за селекторот Благоја Милевски пред октомвриските квалификациски натпревари против Лихтенштајн и против Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови