Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми најверојатно ќе може да се приклучи на националниот тим за октомвриските квалификациски мечеви против Лихтенштајн и против Германија. Тој беше на дополнителни прегледи и магнетната резонанца сепак покажа дека не се работи за сериозна повреда на мускулот.
„Моето враќање беше одложено. Повредата беше навистина незгодна. Тоа беше повреда од порано, па заздравуваше бавно. Тоа беше прекин на квадрицепсниот мускул. Сите се обидовме да се вратам што е можно побрзо, но јас не се чувствував подготвен. На некои магнетни тестови, крвта беше видлива околу мускулите, беше непријатно, не беше паметно да се брза. Тоа би било огромен ризик, требаше да биде бавно, постепено. Постојано ме болеше, не можев да додадам гас на теренот, а така не може да се игра. Чувствувам малку повеќе болка, но ова е нормално во оваа фаза сега, бидејќи се уште имам мало воспаление. Но, тоа е многу подобро отколку што беше порано, сега се чувствувам добро“, изјави Адеми.
Аријан Адеми се врати против Шибеник на 11 септември, пет дена подоцна играше и против Вест Хем, а повторно почувствува болка на куп-натпреварот против Ориент. Тој најверојатно нема да настапи против Славен Белупо во хрватското првенство, но ќе игра против Генк во Лигата на Европа, а треба да се најде и на списокот на селекторот Благоја Милевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski