Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се жали на нова повреда. Тој поради болки во мускулот ја пропушти претходната акција на националниот тим, а доколку се работи за нешто посериозно, би можел да отсуствува повторно и за мечевите против Лихтенштајн и против Германија во октомври.
Адеми пријавил повреда и бил заменет на куп-натпреварот што Динамо Загреб го одигра против нисколигашот Ориент (1-4).
„Проблем е Адеми. Почувствува болка во глутеусот. Да се надеваме дека не е ништо страшно“, изјави тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар.
Аријан Адеми ќе замине на детални лекарски прегледи, а потоа ќе се знае и колку би можел да паузира по најновата повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













