Италијанскиот калчолигаш Наполи денеска и гостува на Сампдорија во петтото коло од Серија и ќе се обиде да го задржи перфектниот ефект. Како што информираат медиумите на Апенините, тренерот Лучијано Спалети на овој натпревар ќе му даде одмор на Елиф Елмас.
Македонскиот репрезентативец ќе биде на клупата за резерви заедно со Матео Политано, а шанса во првиот состав ќе добијат Зиелински и Лозано.
Елмас беше стартер на изминатите натпревари на Наполи и Спалети смета дека му е потребен мал одмор, па ќе изврши ротација.
„Наполитанците“ имаат максимални 12 бода по четири натпревари во италијанскиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













