И од таборот на ФК Ренова ја потврдија информацијата на Синдикатот на фудбалери на Македонија за четворица позитивни нивни членови на Ковид-19.
„За жал во нашиот клуб има четворица позитивни на Ковид-19. Имињата на оние кои се позитивни на коронавирусот ќе ги соопштиме наредните денови, не затоа што сакаме да ги чуваме во тајност, туку најпрво треба да бидат направени и вторите тестови за и дефинитивно случаите да бидат потврдени. Целиот тим на Ренова ги откажа сите активности се додека не добиеме официјално препорака од надлежните органи. Сега, како клуб и пред се едно семејство, не не интересира дали ќе се одигра овој шампионат, туку само здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека сега веќе некои вистински ќе разберат колку е сериозна оваа состојба во која се наоѓа светот. Здравјето пред се. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици“ – се вели во соопштението до јавноста од ФК Ренова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













