Влатко Костов и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Тиквеш. Со раководството на Тиквеш се договори за двегодишна соработка, а првата изјава ја даде за МАКФУДБАЛ.
„Се нафатив на предизвикот со Тиквеш да се вратам во тренерските води во македонскиот фудбал. Со раководството имавме коректни разговори, оваа сезона целта е да обезбедиме опстанок, а следната ќе размислуваме и за многу повеќе. Но, да одиме чекор по чекор. Бев на страна одреден период, малку и разочаран од случувањата во македонскиот фудбал, но добив коректна понуда од Тиквеш и за мене е тоа голем предизвик. Го одржав денеска првиот тренинг, ќе работиме напорно и се надевам дека ќе имаме успеси“, изјави за Макфудбал, Влатко Костов.
Тиквеш в недела ќе гостува во Штип и ќе ги одмери силите со Брегалница во седмото коло од Првата лига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski