Јапонската компанија за онлајн шопинг „Ракутен“ одлучи да ја прекине соработката со Барселона како главен спонзор на дресот на клубот, со што дополнително ја зголеми загриженоста на претседателот на клубот, Хоан Лапорте, објавија шпанските медиуми.
„Ракутен“ и Барселона започнаа соработка во 2017 година со потпишување тригодишен договор, според кој јапонската компанија плаќа 55 милиони евра по сезона за спонзорскиот натпис на дресот.
Во октомври 2020 година, договорот беше продолжен, но сумата за спонзорство беше намалена на 30 милиони евра годишно. Ќе се смени и спонзорскиот натпис на ракавот на дресот, на кој се рекламира турскиот производител на бела техника „Беко“.
И покрај ова, Барселона има неколку спонзорски понуди на маса и се надева дека ќе потпише подобри договори. Се шпекулира и дека клубот би можел да ги продаде правата за името на стадионот „Камп Ноу“ и на тој начин да добие дополнителни средства.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













