Јувентус нема победа во првите три кола од Серија А, очајно го стартуваше шампионатот, а најголем дел од критиките се упатени кон полскиот голман Војчех Шчешни. Полјакот бранеше многу лошо, направи две големи грешки во три кола, а тоа го чинеше Јувентус победи во Удине и најмалку реми во Неапол.
Јуве лесно можеше да има шест бода наместо еден, а италијанските медиуми велат дека голема грешка на клубот е што не го ангажирале Донарума.
Новиот директор Черубини изјави дека актуелниот голман на ПСЖ не бил приоритет и дека имаат одличен голман под договор. Медиумите веќе шпекулираат кој би можел да го наследи Шчешни во Торино
Првото име е Давид Де Хеа, чиј договор со Манчестер Јунајтед истекува, но неговата плата е 20 милиони евра по сезона, која сигурно нема да може да ја добие надвор од Англија.
Се споменува и Кејлор Навас, ветеранот кој ќе има голема конкуренција во ПСЖ токму во Џанлуиџи Донарума.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













