Connect with us

Аврамовски спогодбено се раздели со Кајзериспор

Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски заминува од турскиот прволигаш Кајзериспор. Клубот потврди дека спогодбено е раскинат договорот со офанзивниот фудбалер за врска.

Според турските медиуми, Аврамовски ќе замине во редовите на Гиресунспор, тимот кој после три кола се наоѓа на последното место на табелата во елитната турска лига.

Аврамовски за Кајзериспор забележа 24 настапи и постигна два гола, а му пристапи во 2020 година заминувајќи од Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови