Мартин Брајтвајт е потешко повреден и ќе паузира меѓу три и четири месеци! За него првиот дел од сезоната е завршен. Ова е уште еден голем удар за Барселона која во моментов остана само со двајца напаѓачи.
Брајтвајт заработи повреда на натпреварот со Хетафе, не настапи за Данска, а по враќањето во Барселона, неговата состојба се влоши. Денешниот тренинг го напушти со силна болка во коленото, а тестовите покажаа дека повредата е уште посериозна.
Ако се земе предвид дека Ансу Фати сигурно нема да се врати уште еден месец, и дека и Агуеро и Дембеле се надвор од терените до крајот на октомври, Роналд Куман се најде во огромен проблем.
Сега ќе мора да се потпре на холандскиот тандем Мемфис Депај – Лук де Јонг, а исто така ќе мора да го забрза враќањето на Филипе Кутињо. Не е исклучено уште повеќе да го турне во оган Јусуф Демир кој пристигна летово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













