Репрезентативната пауза заврши, за некого беше добредојдена, другите пак ги „исече“ во момент кога имаа добар ритам. За тимот на Академија Пандев беше убава можност да се соземат по шокантниот пораз во Штип, каде примија два гола во финишот, а беа пред победа.
Составот на Александар Васоски, кој одлично го почна шампионатот, денеска во својот комплекс ја пречекува Македонија ЃП. „Лавовите“ најавуваат отворен фудбал и битка за три бода на овој меч.
Работнички на Националната арена ја пречекува Брегалница, новиот прволигаш кој се уште нема пораз. Тренерот на „романтичарите“, Александар Влахо, вели дека штипјани се сериозен ривал.
„Драго ми е што Штип и Брегалница се повторно на прволигашката карта, тоа секако е добро за македонскиот фудбал во целина. Во првите пет кола Брегалница покажа дека е тим што заслужува респект, има прволигашки квалитет и се бори до самиот крај за секоја топка и секој бод. Тие се сериозен ривал на кого му приоѓаме максимално фокусирани. Имавме две седмици за да работиме напорно и да отстраниме дел од грешките што се појавија во првите пет кола и подготвени сме за продолжение на шампионатот. За нас секој ден, секој тренинг и секој натпревар е добредојден, со оглед дека се уште се воигруваме. Се надевам дека тимот ќе одигра квалитетно и дека ќе оствариме позитивен резултат“, вели Александар Влахо.
Струга Трим Лум е фаворит против Скопје, Борец го пречекува Пелистер, а Тиквеш е домаќин на Ренова.
Дербито на колото меѓу Шкендија и Шкупи е одложено за во вторник (15 часот) поради трагедијата што се случи во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 луѓе.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 6. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Струмица: АКAДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
Струга: СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ
Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР
Кавадарци: ТИКВЕШ – РЕНОВА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (вторник, 15 ч.)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal