Connect with us

Математичар од Оксфорд ја реши мистеријата: Кој е најдобриот фудбалер на сите времиња?

Мислењата се поделени, некој тврди дека подобар фудбалер од Лионел Меси никогаш не шетал нa земјата, но има многумина кои го ценат сето она што Кристијано Роналдо го направи за своите клубови и за репрезентацијата. Во конкуренција се и легендарните Пеле, Марадона, Кројф, Роналдо, Пушкаш…


Науката сега го даде својот збор! Поточно, д -р Том Крафорд, професор по математика на Универзитетот во Оксфорд. Тој е убеден дека му обезбеди на светот одговор на прашањето: Кој е фудбалскиот „Goat“?

Крафорд создаде алгоритам со кој ги спореди податоците за десет фудбалски легенди и така дојде до заклучок дека Кристијано Роналдо е најдобар меѓу нив!

Португалецот е прв на листата пред Лионел Меси, а зад нив се останатите фудбалски великани.
Крафорд стигна до конечниот пласман благодарение на седум категории, а повратникот во Манчестер Јунајтед имаше најдобри резултати на севкупно ниво, иако Лионел Меси беше исклучително блиску.

Кои податоци ги користел математичарот?

  1. Трофеи освоени со клубови – секој трофеј носи одреден број на поени во зависност од коефициентот на УЕФА)
  2. Трофеи со репрезентацијата – Светско првенство 150 бода, Европско првенство и Копа Америка 100 бода + дополнителни поени за освојување на Златната копачка
  3. Број на голови за клубови
  4. Број на голови за репрезентации
  5. Добиени гласови за Златната топка – бројот на добиени гласови од добитникот на Златната топка поделен со вкупниот број гласови добиени од тројцата најдобри играчи
  6. Индивидуални награди
  7. „Зет фактор“ – Сезони или „математички извонредни кампањи“ во кои играчите им носеа успех на своите тимови со голови

Листа на најдобрите

  1. Кристијано Роналдо 537 поени
  2. Лионел Меси 503 поени
  3. Пеле 459 поени
  4. Ференц Пушкаш 305 поени
  5. Роналдо 281 поен
  6. Марко ван Бастен 237 поени
  7. Алфредо ди Стефано 201 бод
  8. Мишел Платини 177 поени
  9. Диего Марадона 169 поени
  10. Јохан Кројф 163 поени

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови