Прославениот бразилски фудбалер Дани Алвеш остана без клуб откако ја прекина соработката со Сао Паоло поради спор околу долговите. Алвеш (38), кој се уште игра за репрезентацијата на Бразил, а беше и капитен на олимписката селекција во Токио, вчера требаше да се појави на тренинг, но тоа не се случи.
Неговите агенти го известија клубот дека искусниот фудбалер нема да се појави на тренинг додека не му се исплатат долговите во износ од 1,8 милиони евра. Ова го наведе раководството на Сао Паоло да донесе одлука дека Дани Алвеш повеќе нема да биде во конкуренција за настапи.
Односите со клубот се затегнаа кога тој одлучи да игра за националниот тим на Олимписките игри во Токио.
Алвеш сега се поврзува со враќање во италијанската Серија А, каде наводно се заинтересирани повеќе клубови.
Бразилецот го носеше дресот на Јувентус од 2017 до 2019 година, освојувајќи ја титулата во Серија А и Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













