
Работнички по репрезентативната пауза им се враќа на првенствените обврски, а утре на арената „Тодор Проески“ во Скопје гостува тимот на Брегалница. Новиот прволигаш е непоразен во првите пет кола и со оглед на тоа, шефот на стручниот штаб Александар Влахо има голем респект кон штипскиот тим.
„Драго ми е што Штип и Брегалница се повторно на прволигашката карта, тоа секако е добро за македонскиот фудбал во целина. Во првите пет кола Брегалница покажа дека е тим што заслужува респект, има прволигашки квалитет и се бори до самиот крај за секоја топка и секој бод. Тие се сериозен ривал на кого му приоѓаме максимално фокусирани. Имавме две седмици за да работиме напорно и да отстраниме дел од грешките што се појавија во првите пет кола и подготвени сме за продолжение на шампионатот. За нас секој ден, секој тренинг и секој натпревар е добредојден, со оглед дека се уште се воигруваме. Се надевам дека тимот ќе одигра квалитетно утре и дека ќе оствариме позитивен резултат“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Работнички и Брегалница ќе се одигра утре, со почеток во 16 часот, на Националната арена, а ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
