Фудбалската репрезентација на Македонија и третпат ремизираше во септемвриската сесија од квалификациите за СП 2022. На арената „Тодор Проески“, македонските репрезентативци одиграа без голови против Романија. Беа подобри, но не го материјализираа тоа со победнички погодок.
Македонија почна агресивно, се закануваше по страничните позиции, но повторно недостигаше завршниот удар. Елиф Елмас во 27.минута се ослободи од двајца противнички фудбалери, шутираше со левата нога, но директно во добро поставениот Флорин Ница. Имаше обиди и од Барди, Алиоски, Милан Ристовски, но без ефект.
Романците се заканија во 31.минута кога Никулае Станчиу шутираше кон голот на Димитриевски, но македонскиот голман добро интервенираше.
На стартот на второто полувреме повторно Елиф Елмас имаше одлична шанса. Во 53.минута, Елмас продре по десната страна, шутираше силно со левата нога, но Флорин Ница повторно успеа да одбрани.
Енис Барди во 83.минута упати силен удар од 20 метри, но голманот на Романија повторно беше на вистинското место.
На овој натпревар, јубилејни 50-ти настапи во националниот тим забележаа Езгјан Алиоски и Кире Ристевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski