Капитенот Горан Силјановски го продолжи договорот со Работнички за нови 18 месеци, објави клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. Раководството на „романтичарите“ најде заеднички јазик за обновување на соработката со еден од најискусните фудбалери, кој има неспорни фудбалски способности на теренот, но и лидерски квалитети во соблекувалната.
„Среќни сме што успеавме да го задржиме капитенот Горан Силјановски во тимот и во наредните 18 месеци. Тоа е голема добивка за клубот од неколку аспекти. Ќе имаме одличен фудбалер во тимот, но и вистински лидер кој умее да ги мотивира и да ги насочи правилно младите фудбалери на Работнички. Раководството работи на формирање на квалитетен тим за следната сезона, а и понатаму цврсто ја држиме клупската стратегија за форсирање на млади и талентирани играчи“, вели спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски за клупскиот сајт.
Претходно, Работнички ги продолжи договорите со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ, како и со Драган Стојков, Христијан Пецов и Ристе Јанков. Ново засилување е Муарем Муарем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal