УЕФА на 12 ноември ќе ги исплати парите на клубовите кои имаа свои учесници на Европското првенство. Можеби за европските клубови тоа и не е некој преголем приход, но овие финансиски средства секако се добредојдени за македонските клубови кои имаа фудбалери во репрезентацијата на Европското првенство.
За македонските клубови е одреден надомест од 2900 евра на ден, а ќе биде пресметан и периодот на подготовки (14 дена пред почетокот на првиот натпревар), како и целиот настап на завршниот турнир од Европското првенство.
Шкендија (Егзон Бејтулаи), Работнички (Ристе Јанков) и Академија Пандев (Марјан Радески) имаа свои фудбалери на Европското првенство и согласно на тоа ќе треба да инкасираат по 69.600 евра. Исплатата од УЕФА кон ФФМ ќе биде извршена на 12 ноември, а потоа федерацијата овие пари ќе го пренасочи кон македонските клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal