
Македонија играше одлично, беше доминантна и имаше водство од 0-2 во Рејкјавик, но во финишот го расипа комплетниот впечаток. Дозволивме Исланд да притисне и да постигне два гола за израмнување. Беа тоа индивидуални грешки како што наведе и селекторот Благоја Милевски, но тоа не ја намалува одговорноста дека Македонија сепак не успеа да оствари триумф кој веќе го имаше в џеб.

Повлекувањето на Енис Барди по две третини од натпреварот веројатно беше клучниот момент за падот во играта на Македонија. И мора да се потенцира, очајните интервенции во одбраната на голманот Столе Димитриевски и на стоперот Висар Муслиу при примените голови. Такви грешки во тим кој играл на Европско првенство и гаи надежи да игра на Светско – едноставно не се дозволени!
Со двете ремија во низа, Македонија го загуби германскиот кредит. Сензационалната победа што ја остваривме во Дуизбург во првата сесија од квалификациите за СП 2022 сега резултатски бледнее при позиционирањето во групата Ј. Македонија падна на четвртата позиција со осум освоени бода и пред себе ги има Ерменија и Романија како селекции кои ќе треба да ги „прескокне“ до крајот на квалификациите, ако сака да обезбеди бараж за мундијалот. Германците се секако недостижни според квалитетот на врвот, а Македонија не успеа да профитира од историската победа над четирикратниот светски и трикратниот европски првак.

На половина сме од мундијалските квалификации. Благоја Милевски и фудбалерите многу си ја отежнаа работата со двете ремија. Сега ќе мора да триумфираат во двете решавачки пресметки против директните ривали, со Романија в среда во Скопје, и во ноември против Ерменија на гости. Се разбира, тука се „пресметани“ победите дома против Исланд и на гости против Лихтенштајн. Единствен „кикс“ кој е дозволен е евентуалниот пораз од Германија во Скопје

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барса со автогол славеше на гости кај Леганес

Интернационалци
Тричко стрела на Кипар, гол и за Адеми
