
Mладата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска ќе одржи тренинг во Скопје, а потоа заминува за Охрид каде на 7 септември ќе игра против Србија во вториот меч од септемврискиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023 година.
Фудбалерот на Жилина, Енис Фазлагиќ, го анализираше натпреварот против Франција и ги сподели своите очекувања за претстојниот дуел со Србија.
„Одигравме под очекувањата, свесни сме за нашите грешки. Франција е премногу силна, тоа го покажа и потврди на вчерашниот натпревар. Располага со многу квалитетни играчи кои играат во едни од најдобрите клубови во Европа, но тоа не е оправдување за нашата лоша игра, едноставно моравме да одиграме на едно повисоко ниво. Премногу ги респектиравме, правевме грешки, им дозволивме да се разиграат и да го покажат целиот свој квалитет. Мечот против Србија ќе биде многу поразличен од дуелот со Франција.Играме на домашен стадион, пред домашна публика во Охрид. Тоа е голем мотив за нас да се покажеме во добро светло и да освоиме бодови. Имаме одлична комуникација со новиот селектор, иако имавме многу малку време да се запознаеме и да се подготвиме за натпреварите. Постепено не запознава со неговите идеи и замисли, верува во квалитетот на оваа селекција. Може да очекуваме само подобра Македонија во иднина. Србија е квалитетен противник, загубија од Украина на домашен терен, но тој резултат не го оспорува нивниот квалитет“, изјави Фазлагиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
