Реал Мадрид се откажа од намерата да го купи Килијан Мбапе. Откако увиде дека Пари Сен Жермен не е заинтересиран сериозно за продажба на фудбалерот, претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез одлучи да се повлече од преговорите. Следниот чекор на шпанскиот клуб ќе биде во јануари да потпише преддоговор со Мбапе, а во јуни да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен агент.
Реал Мадрид првично испрати понуда од 160 милиони евра која експресно беше одбиена од ПСЖ. Потоа ја зголеми на 170+10 милиони евра, а најмногу понуди 170+30 милиони евра. „Кралевите“ беа подготвени да платат 170 милиони евра веднаш и уште 30 милиони евра низ бонуси за успесите што Мбапе би ги постигнал во Мадрид.
Сепак, ПСЖ не одговори и на оваа понуда, а Флорентино Перез реши да се повлече комплетно од преговорите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













