Бразилецот Емерсон кој пред само два месеци дојде на „Камп Ноу“, ќе направи трансфер во Тотенхем, а Барселона ќе добие најмалку 25 милиони евра.
Емерсон играше во Бетис две сезони, а каталонскиот клуб имаше опција да го откупи неговиот договор и ја активира клаузулата. Сепак, нема да остане во Барселона и ќе продолжи во Премиер – лигата.
Емерсон минатата сезона одигра 3186 минути за Бетис и постигна два гола и забележа четири асистенции. За репрезентацијата на Бразил одигра еден натпревар, пред две години дебитираше против Јужна Кореја и настапи две минути.
Оваа сезона одигра три натпревари за тимот на Барселона по 90 минути.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













