
Ренова и официјално го промовираше Филип Стојчевски како ново засилување за новата натпреварувачка сезона.
21-годишниот фудбалер од средниот ред пролетниот дел од минатата сезона го мина во грузискиот Сиони Бониши, каде во јануарскиот преоден рок стигна од Работнички.
Покрај за Работнички младиот фудбалер во македонскиот шампионат има настапувано и за Металург каде ги помина и младинските категории, Вардар и во Македонија Ѓорче Петров. Во првата фудбалска лига има запишано 42 настапа на кои постигна два гола и забележа пет асистенции.
Претходно Ренова потпиша и со Ален Јашароски, Сенад Хусиќ, Хадис Велии, Валон Незири и Ремзифаик Селмани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal