
Стоперот на Олимпијакос, Рубен Семедо (27), e уапсен за сексуална злоупотреба на малолетничка. Веста ја објави грчкиот весник „Газета“ во неделата, кога се дозна дека 17-годишна девојка го пријавила фудбалер за силување. Првично не беше напишано за кој фудбалер станува збор, но утрово Грците излегоа со информација дека тој е повремен репрезентативец на Португалија.
„Газета“ пишува дека Семедо ја запознал девојката во бар во Оропос. Таа тврди дека Семедо ја опијанил, а потоа ја однел во неговата вила на Глифада. Таму, според кажувањето на малолетничката, Семедо ја силувал.
Таа и нејзината мајка потоа отишле во полиција и пријавиле се. Против Семед прво беше распишана потерница, а потоа беше уапсен во неговата куќа.
Семедо е стопер кој игра за Олимпијакос од 2019 година, но и кој беше осуден од судот во Валенсија со условна затворска казна од пет години и забрана за влез во Шпанија од осум години. Имаше неколку причини за тоа. Неговото име е поврзано со обид за убиство, кое тој секогаш го негираше, киднапирање, закани со огнено оружје, грабеж, ранување на друго лице… Тој беше уапсен во 2018 година додека играше за Вилјареал, и беше пуштен од затвор откако плати кауција од 30.000 евра. Потоа му беше изречена условна казна од пет години затвор и забрана за влез во Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
