
Со нов селектор, Драги Канатларовски, но и со одредени кадровски проблеми, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ги почна почна подготовките во пресрет на новите квалификации. Првиот предизвик ќе биде Франција во Ле Ман на 2.септември, а Арби Воша смета дека иако домаќинот е голем фаворит, во фудбалот се е можно.
„Започнавме со подготовките, се надевам дека се ќе биде во ред до натпреварот со Франција. На двата тренинзи ги реализираме идеите на новиот селектор, имаме одлична комуникација и се обидуваме да ги оствариме неговите замисли. Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Не очекува тежок меч, но ова е фудбал и сѐ можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите и тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ фаворит во групата и тешко е да се ветува било каков резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме“, изјави Арби Воша, крилниот напаѓач на младата фудбалска репрезентација до 21 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski