Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо го напушти Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед, а за тоа морал да се согласи на намалување на платата од 6 милиони фунти. Сепак, и покрај ова тој ќе биде најплатениот фудбалер на „Олд Трафорд“ со заработка од 385.000 фунти неделно. Втор по заработка е голманот Давид Де Хеа со 375.000 фунти седмично.
Тимот на Оле Гунар Солскјер го направи еден од најсензационалните потези во преодниот рок, со враќањето на Роналдо. Овој потег му конкурира на трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ.
„Црвените ѓаволи“ во петокот објавија дека постигнале договор напаѓачот на Јувентус да се врати на „Олд Трафорд“. Тој ќе заигра за Манчестер Јунајтед по репрезентативната пауза, на дуелот на домашен терен против Њукасл на 11 септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













