
Македонскиот прволигаш Работнички изрази благодарност до денешниот спортски ривал Ренова за помошта што ја доби денеска, по дефектот на клупскиот автобус на патувањето кон Тетово. „Романтичарите“ го истакнуваат спортското џентлеменство на Ренова која испрати автобус како пријателска реакција, а со цел фудбалерите и стручниот штаб на Работнички побрзо да стигнат на Градскиот стадион во Тетово.
„Фудбалскиот клуб Работнички изразува благодарност до ФК Ренова за одличниот прием во текот на натпреварот, но тоа што сакаме да го потенцираме е пријателскиот гест на клубот од Тетово пред почетокот на денешниот меч. Ренова покажа големина и спортско џентлеменство во моментите кога тоа му беше потребно на Работнички.
ФК Ренова испрати автобус како пријателска реакција на проблемите кои настанаа при нашето патување кон Тетово. Со тоа помогна да нема преголемо доцнење на стартот на натпреварот, а фудбалерите и стручниот штаб на Работнички безбедно стигнаа на ова гостување.
Ова е вистински пример на меѓусебно клупско почитување и израз на спортски фер-плеј и надвор од теренот“, се вели во соопштението на ФК Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
