Напаѓачот Моисе Кин е блиску до враќање во Јувентус. Торинскиот клуб се договори да го доведе на позајмица со обврска да го откупи под одредени услови следното лето. Утре 21-годишниот фудбалер ќе ги помине лекарските прегледи за да го комплетира трансферот. Ќе потпише со „старата дама“ до 2026.
Кин се пресели од Јуве во Евертон пред две години за 25 милиони фунти. Неговиот актуелен договор со англискиот клуб истекува во 2024 година, а минатата сезона играше на позајмица во ПСЖ.
Италијанецот дебитираше за Јувентус во 2016 година, кога тимот го предводеше Масимилијано Алегри кој се врати во Торино ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













