Шпанскиот гигант Реал Мадрид упати ултиматум до Пари Сен Жермен околу трансферот на Килијан Мбапе. „Кралскиот клуб“ очекува трансферот да биде реализиран во текот на викендот, или во спротивно ќе се откажат од зделката, а следното лето ќе го добијат напаѓачот како слободен агент.
Реал Мадрид испрати понуда од 180 милиони евра до ПСЖ, но засега нема официјален одговор. Наводно, „светците“ имаат замерки затоа што 10 милиони евра се „врзани“ со одредени клаузули кои ќе треба да бидат исполнети со настапите на Килијан Мбапе во дресот на мадридскиот тим.
ПСЖ најверојатно сака прво да ја обезбеди замената за Мбапе, со оглед дека веќе интензивно преговара со агентот на бразилскиот интернационалец Ришарлисон од Евертон, а потоа ќе се впушти во комплетна продажба на Французинот. Сепак, „кралевите“ се нестрпливи и нема да чекаат премногу…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













