Италијанскиот првак Интер дојде до втората победа во новата сезона во Серија А откако синоќа славеше против Верона на гости со 1-3. Новото засилување Хоакин Кореа ги спаси трите бода за Интер со два гола во финишот, откако претходно израмни Лаутаро Мартинез.
Тренерот Симоне Инзаги е задоволен од победата, а мораше да одговори и на непријатно прашање…Дали Интер е послаб од лани?
„Задоволен сум од она што го гледам секој ден. Хакими никогаш не сум го тренирал, знам дека е многу силен, но никогаш не сум го видел пред мене на теренот. Лукаку го тренирав една недела и тој е многу силен, направи поинаков избор и реши да замине и тоа многу не разниша. Но, клубот успеа брзо да интервенира купувајќи ги Џеко, Дамфрис и Кореа за десетина дена и сега повторно имаше конкурентен состав. Клубот беше јасен, знаев дека има некои финансиски проблеми, целта беше да го обезбедиме клубот и го направивме тоа. Сега гледаме напред. Дали е Интер послаб од лани? Не знам, не би рекол дека е така. Добро се снајдовме во првите два натпревари, сега ќе започне Лигата на шампионите, па ќе видиме…“, изјави Симоне Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal