Италијанскиот првак Интер ја оствари и втората победа во новата сезона во Серија А. Со пресврт во второто полувреме, тимот на Симоне Инзаги славеше со 1-3 на гостувањето против Верона. Мечот го реши новото засилување Хоакин Кореа со два гола во финишот, за конечен триумф.
Верона поведе со голот на Иван Илиќ во 15.минута по големата грешка на Самир Хандановиќ. Но, Интер беше многу подобар во вториот дел.

Лаутаро Мартинез израмни во 47.минута, а потоа Симоне Инзаги во завршницата го внесе во игра новото засилување Хоакин Хореа. Тој стрелаше во 83.минута за водство, а потоа и во судиското продолжение за потврда на триумфот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













