
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо имаше бурен ден. Утрото пристигна во базата на Јувентус и се збогува со соиграчите, се упати кон Манчестер и беше во преговори со Сити, а на крајот сензационално се врати во Манчестер Јунајтед.
Тој на социјалните мрежи се збогува од Јувентус и неговите навивачи истакнувајќи дека секогаш ќе се чувствува како еден од „бјанконерите“.
„Денес заминувам од неверојатен клуб, најголемиот во Италија и сигурно еден од најголемите во цела Европа. Го дадов срцето и душата за Јувентус и секогаш ќе го сакам градот Торино до моите последни денови. Тифозите на „бјанконерите“ секогаш ме почитуваа и јас се обидов да се заблагодарам на таа почит борејќи се за нив на секој натпревар, секоја сезона, секој натпревар. На крајот, сите можеме да погледнеме наназад и да сфатиме дека постигнавме големи нешта, не сите што ги посакувавме, но сепак, заедно напишавме убава приказна.
Јас секогаш ќе бидам еден од вас. Сега сте дел од мојата историја, бидејќи чувствувам дека сум дел од вашата. Италија, Јуве, Торино, тифози бјанконери, секогаш ќе бидете во моето срце“, објави Кристијано Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
