
Има сe помалку време до крајот на преодниот рок, а Барселона сака да се ослободи од репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, на кого тренерот Роналд Куман не смета.
Имаше голем интерес од Италија за искусниот босански играч од средниот ред, а шпанските медиуми вчера објавија дека останале само два тима, кои преговараат со Барселона, а тоа се Интер и Наполи.
Желбата на клубот од „Камп Ноу“ беше да го позајми Пјаниќ на тим надвор од Шпанија, но сега тие се подготвени да го дадат на еден од ривалите во Ла Лига, само за да се ослободат од неговата плата. Тоа е Атлетико Мадрид.
Остануваат само уште пет дена до крајот на преодниот рок, останува да се види како ќе се реши ситуацијата со Пјаниќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
