Connect with us

Синоќа загуби од Црвена Звезда, утрово не го пуштија во клубот (ВИДЕО)

Вистински пустош остави Црвена Звезда во романскиот клуб Клуж откако го елиминираше од Лигата на Европа. По полноќ, откако Клуж доживеа и втор пораз (1-2), со одлука на сопственикот на клубот сменети се тренерот и комплетниот стручен штаб на романскиот тим.


Според романските медиуми, сопственичката Нелета Варга, била бесна по европскиот неуспех и го сменила тренерот Мариус Шумудика и целиот негов стручен штаб.


За да бидат работите уште полоши, претседателот на клубот Маријано Копилу, се повлече, свесен дека нема иднина во клубот, кој иако и брилијантен во Романија, останува без европска есен.

Ова утро, сменетиот тренер Мариус Шумудика начекал и затворена порта. Не му било воопшто дозволено да влезе во клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови