Пари Сен Жермен ќе го продаде Килијан Мбапе во Реал Мадрид во трансфер кој би требало да изнесува 170 милиони евра + 10 милиони бонуси и според шпанските и француските медиуми, целата работа треба да биде завршена во текот на денешниот ден. Францускиот клуб веќе преговара со фудбалерот што треба да го замени Мбапе на „Паркот на принцовите“.
Пари Сен Жермен отвори преговори со Ришарлисон, напаѓачот на Евертон, што сака го доведе како замена за Мбапе. Неговиот агент синоќа бил виден во Париз, чекајќи потврда за заминувањето на Мбапе. Откако стана јасно дека трансферот е евидентен, отпочнале и преговорите за Ришарлисон.
Англискиот премиерлигаш Евертон стравува дека нема да може да го задржи Ришарлисон и сега гледа добро да се испазари со ПСЖ за да може да купи нов квалитетен напаѓач во последните неколку дена од летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













