
Сензација е на прагот да се случи во Премиер – лигата. Актуелниот шампион Манчестер Сити е во завршни преговори со Јувентус да го доведе Кристијано Роналдо, кој е симбол на градскиот ривал Манчестер Јунајтед, со оглед на минатото.
Португалската ѕвезда ќе потпише двегодишен договор со клубот од „Итихад“ за плата од 15 милиони евра по сезона и ќе се пресели во редовите на тимот предводен од Пеп Гвардиола.
Еден од оние кои не веруваат во развојот на приказната за заминувањето на Роналдо од Јувентус е Вејн Руни, неговиот поранешен соиграч од деновите поминати во Манчестер Јунајтед.
„Кристијано остави длабок белег во Манчестер Јунајтед и знам дека е горд на тоа како играч и како човек. Не можам да го замислам во Сити, но тоа е фудбалот и никогаш не знаеш што ќе се случи. Има малку играчи со негов квалитет кои направиле таков трансфер во кариерата. Питер Шмајхел и Енди Кол. Сепак, мора да знаете што е добро за вас и вашето семејство. Сите знаат дека јас никогаш не би можел да играм за Манчестер Сити или за Ливерпул. Тоа е јасно, но сите ние сме различни. Играчите често одат во клубови во кои не сакаат да одат од финансиски причини. бидејќи тоа е нивната единствена опција. Го разбирам тоа. Едноставно, јас никогаш не би го направил тоа“, изјави најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед на сите времиња.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси тргнува по Чави Симонс

Евро-фудбал
Брајан Мбеумо официјално меѓу „црвените ѓаволи“

Евро-фудбал
Марко Арнаутовиќ потпиша за Црвена Звезда

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ
