Италијанскиот репрезентативец и член на Челси, Жоргињо, е најдобар фудбалер за сезоната 2020/21 во изборот на УЕФА. Тој со репрезентацијата на Италија го освои трофејот на Европското првенство, а со Челси беше победник во Лигата на шампионите.
Италијанскиот фудбалер првпат ја освојува оваа награда, а е втор од Челси, по Дидие Дрогба.
Едуард Менди од Челси е избран за најдобар голман за минатата сезона, Рубен Дијас од Манчестер Сити е прв дефанзивец, најдобар во средниот ред е Нголо Канте (Челси), а најдобар напаѓач – Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
За најдобар тренер во сезоната 2020/21 е избран Томас Тухел, кој дојде на половина од сезоната во Челси и го одведе до пехарот во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













