Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, е обвинет за четири случаи на силување и еден случај на сексуален напад. Англискиот првак Манчестер Сити го суспендираше францускиот репрезентативец во очекување на истрага.
Во соопштението, се вели:
„Бенџамин Менди, на возраст од 27 години, е обвинет за четири точки од обвинението за силување и едно за сексуален напад. Обвиненијата се однесуваат за три припаднички на понежниот пол на возраст над 16 години и се претпоставува дека се случиле помеѓу октомври 2020 и август 2021 година. Менди е во приведен и треба да се појави на суд в петок во Честер.
Менди се приклучи на Манчестер Сити од Монако за 52 милиони фунти во 2017 година, во тој период светски рекорден трансфер за дефанзивец.
Манчестер Сити за овој случај се огласи со соопштение.
„Манчестер Сити може да потврди дека откако денеска беше обвинет од полицијата, Бенџамин Менди е суспендиран во очекување на истрагата. Прашањето е предмет на правен процес и затоа клубот не може да даде дополнителни коментари додека не заврши процесот“, истакнаа од клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













