Арсенал и Бразилецот Вилијан се согласија да го раскинат договорот две години пред истекот, пренесуваат британските медиуми. Бразилецот се согласи да замине од „Емирати“ по разочарувачката прва сезона, откако минатото лето им се приклучи на „топџиите“ од Челси во слободен трансфер.
Иако Британците го „преселија“ во Коринтијанс, каде што ја започна својата професионална кариера, Вилијан повеќе би сакал да остане во европскиот фудбал. А од Италија доаѓа веста дека Вилијан би можел да заврши во редовите на седумкратниот европски шампион, Милан.
„Росонерите“ имаат и еден голем услов во преговорите, а тоа е Вилијан да се сложи на драстично намалување на платата од осум на четири милиони евра годишно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













