Европскиот првак Челси сака да доведе уште две засилувања до крајот на преодниот рок, но исто така и да продаде двајца фудбалери. Она што е сигурно е дека Курт Зума оди во Вест Хем за 30 милиони евра, тој треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише за „чеканите“. Тухел ќе успее да наплати 60 милиони евра за двајца стопери, Томори и Зума, а парите ќе ги инвестира во Жул Кунде.
Иако Севилја негираше дека е постигнат договор, англиските медиуми сепак тврдат дека Французинот ќе пристигне на „Стемфорд бриџ“, а на шпанскиот клуб ќе му бидат исплатени 55 милиони евра.
И тоа не е се. До крајот на преодниот рок Челси сака да постигне договор со Атлетико Мадрид за Саул Нигез.
Англискиот тим е расположен за позајмица за откуп, но мадриѓаните бараат задолжителен откуп, доколку нивниот играч одигра доволен број натпревари.
„Сините“ би можеле да соберат пари и со продажба на Хадсон-Одои, кој е цел на Рома, исто како и Рубен Лофтус – Чик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













