Италијанскиот првак Јувентус нема така лесно да се откаже од Кристијано Роналдо, односно ќе се обиде да извлече што е можно повеќе од неговото евентуално заминување во Манчестер Сити. Неговиот агент Жорге Мендеш дојде на преговори во Торино, а раководството на „старата дама“ побара отштета од 30 милиони евра или да го добие бразилскиот напаѓач Габриел Хесус.
Англискиот клуб не сака да плати ниту цент како отштета за Роналдо, сметаат дека за Јувентус е доволно што ќе заштеди околу 60 милиони евра на име на плата. Манчестер Сити е подготвен да ги понуди Бернардо Силва и Ејмерик Лапорт, но Масимилијано Алегри инсистира да добие напаѓач.
Португалецот исто така ќе треба да се сложи на драстично намалување на плата. Во Јувентус заработува 31 милиони евра годишно, а „граѓаните“ се подготвени да му дадат само 14 милиони евра по сезона. Но, ќе има шанса повторно да атакува на трофеј во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













